Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, вечерва се појави во новогодишно интервју пред медиумите, а меѓу првите прашања беше отворена и темата за изборот на нов селектор.
Омерагиќ откри дека првично воопшто не постоела намера за промена на Благоја Милевски, но тешкиот пораз во Кардиф бил клучниот момент што ги навел челниците на федерацијата сериозно да размислат за ново решение.
„Не ми е јасно зошто изборот на селектор предизвикува толку внимание – тоа е сосема нормален процес. Во фудбалот селекторите се менуваат насекаде. Првично не беше планирано, дури разговаравме и за продолжување на договорот, но дојде тој завршен период и резултатот во Кардиф. Боби беше селектор на голем дел од овие фудбалери и во младата репрезентација, со некои од нив соработува речиси десет години. Токму поради тоа проценивме дека е време за свежа енергија. Милевски имаше и одлични и послаби резултати – тоа е нормално во спортот. Секогаш беше коректен и скромен. Сметавме дека со нов импулс ќе имаме поголеми шанси во баражот. Дали ова е вистинската одлука ќе покаже времето, бидејќи во спортот нема гаранции“, изјави Омерагиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Слот: Се радувам што ќе се врати Салах













