Connect with us

Омерагиќ: Ништо не е завршено, во Рига нè очекува второто полувреме

Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, со оптимизам го очекува реваншот против Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. И покрај поразот од 3-2 на првиот натпревар во Скопје, напаѓачот на „црвено-црните“ верува дека неговиот тим има квалитет да дојде до посакуваниот резултат во Летонија.

„По натпреварот во Скопје, нè очекува реваншот во Рига. Ништо не е готово, бидејќи пред нас е второто полувреме од овој двомеч. Ќе се бориме до последниот момент, ќе играме со срце за дресот и боите на Вардар и сакаме да се претставиме во најдобро светло на европската сцена“, изјави Омерагиќ.

Капитенот нагласи дека клучот за успехот ќе биде дисциплинираната игра и почитувањето на тактичките задачи.

„Доколку бидеме тактички дисциплинирани, ги сведеме грешките на минимум и ги следиме сите насоки од тренерот, верувам дека можеме да стигнеме до позитивен резултат во Рига“, додаде искусниот напаѓач.

Реваншот меѓу Рига и Вардар ќе се одигра во вторник со почеток од 19 часот. Летонскиот шампион во првиот натпревар во Скопје славеше со 3-2, па вардарци ќе се обидат да ја надоместат минималната негатива и да обезбедат пласман во следното квалификациско коло од Конференциската лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови