Connect with us

Омерагиќ: Ангеловски во клубовите траеше пократко од јогурт во супермаркет

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, јавно се огласи по изјавите на поранешниот селектор Игор Ангеловски, кој остро ја критикуваше ФФМ поради изборот на новиот предводник на сениорската репрезентација.

Федерацијата му ја довери селекторската функција на Гоце Седлоски, одлука што предизвика бурна реакција од Ангеловски и отвори широка дебата во спортската јавност. Омерагиќ смета дека моментот и начинот на реакција биле несоодветни, особено на денот кога беше претставен новиот селектор.

„Имавме достоинствена промоција со јасна порака за заедништво и поддршка. Нормално и спортски е да застанеме зад избраниот селектор. Секогаш има повеќе кандидати, но се избира еден. За жал, Ангеловски ги стави сопствените амбиции пред интересите на репрезентацијата. Би сакал јавно да каже кои се тие лични интереси што ги спомнува. Јас работам без надомест и немам никаква корист. Неговата брза и остра реакција беше некоректна – можеше да почека. Тоа зборува само по себе. Му посакувам добро здравје и повеќе успех во тренерската кариера, бидејќи неговите последни ангажмани беа многу краткотрајни“, изјави Омерагиќ.

Тој додаде дека нема намера од целиот случај да се создава дополнителен медиумски спектакл, ниту, како што рече, „ѕвезда на месецот“.

„Навредите што ги упати се негов личен избор. Ние во Федерацијата знаеме кои сме и што работиме. Лично двапати го контактирав и му укажав дека е меѓу кандидатите за селекторската функција, заедно со Седлоски. На крајот се одлучивме за нова енергија. По ваков јавен напад, нормално е да се слушне и другата страна. Тој ни одговори дека би прифатил повторно да соработува со ФФМ и дека јавно ќе ја поддржи нашата одлука. Тоа беше негов став“, дополни првиот човек на ФФМ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови