Поранешниот германски голман Оливер Кан жестоко ја критикуваше одлуката што му овозможи на Фоларин Балогун да настапи за Соединетите Американски Држави против Белгија, оценувајќи дека со тоа е нарушен интегритетот на Светското првенство.
Балогун доби право на настап по интервенцијата на американскиот претседател Доналд Трамп, што предизвика бурни реакции во фудбалската јавност. Многумина сметаат дека со ваквиот потег е нарушена една од најголемите вредности на Мундијалот.
Кан се наврати на Светското првенство во 2002 година, кога Бразил ја освои титулата во Јужна Кореја и Јапонија, потсетувајќи на суспензијата на Михаел Балак, кој поради жолт картон заработен во полуфиналето не можеше да настапи во големото финале.
„Ајде тогаш да ја исправиме и фудбалската историја. Имам еден предлог, очекувам ФИФА да му го избрише жолтиот картон на Михаел Балак од полуфиналето на Светското првенство во 2002 година. Поради него не играше во финалето“, изјави Кан.
Потоа, со доза на сарказам, додаде:
„Кога веќе сме тргнале по тој пат, треба да го повториме и финалето против Бразил од 2002 година“, порача легендарниот германски голман.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













