Connect with us

Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан

Италијанскиот гигант Милан е во потрага по нов тренер откако се раздели со Масимилијано Алегри по само една година соработка.

Во изминатиот период со клупата на „росонерите“ беа поврзувани повеќе тренерски имиња, но според најновите информации ситуацијата полека се расчистува и главен кандидат за преземање на тимот е Оливер Гласнер.

Наводно, сопственикот на Милан, Гери Кардинале, неговиот советник Златан Ибрахимовиќ и Оливер Гласнер одржале состанок кој траел дури шест часа, а двете страни се многу блиску до конечен договор.

Австрискиот стручњак зад себе има извонреден период со Кристал Палас, каде што освои три трофеи – ФА Куп, Комјунити Шилд и Конференциската лига.

Во Милан бараат тренер со модерни фудбалски идеи и современ пристап кон играта, додека за Гласнер ангажманот во клуб со големина и традиција како Милан би претставувал идеална можност да се докаже на највисоко ниво во период кога клубот минува низ процес на транзиција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови