Оливер Гласнер е во фокусот на управата на Манчестер јунајтед како главен кандидат за наследник на Рубен Аморим, јавуваат британските медиуми. Раководството од „Олд Трафорд“ високо ја цени работата на австрискиот стратег, особено она што го постигна во Кристал Палас, каде неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона.
Јунајтед веќе подолго време ја следи кариерата на Гласнер, а неговото име сè почесто се споменува како долгорочно решение за позицијата нов менаџер по заминувањето на Аморим.
Додека не се донесе конечна одлука, тимот привремено ќе го води Дарен Флечер. Тој ќе ја предводи екипата на гостувањето кај Барнли в среда, а можно е и во третото коло од ФА Купот против Брајтон на „Олд Трафорд“.
Од клубот нагласуваат дека се разгледува можноста за ангажирање привремен менаџер до крајот на сезоната, додека трајното решение ќе се бара во летниот преоден рок.
Покрај Гласнер, на листата кандидати се споменуваат и Роберто де Зерби од Марсеј, како и поранешниот играч на Јунајтед, Мајкл Карик, кој минатото лето го напушти Мидлсборо. На листата високо се рангира и менаџерот на Њукасл, Еди Хау.
Гласнер зад себе има импресивна кариера. Минатата сезона со Кристал Палас освои прв голем трофеј во историјата на клубот – ФА Куп, а потоа ја совлада и екипата на Манчестер Сити во Комјунити Шилд. Претходно, со Ајнтрахт Франкфурт го освои и трофејот во Лига Европа.
Кога го презеде Палас во февруари 2024 година, клубот беше на 15-тото место во Премиер лигата со десет порази во 17 натпревари. Гласнер успеа да ја стабилизира екипата и да постигне историски резултати, што ја зголеми неговата репутација како менаџер способен да ја преобрази било која екипа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













