Connect with us

Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш

Тиквеш и официјално го доби новиот шеф на стручниот штаб. Кавадаречкиот прволигаш ја започнува новата етапа со словенечкиот стратег со македонски корени Оливер Богатинов, кој за првпат во својата кариера ќе работи во македонски клуб.

Богатинов е роден во Јесенице во 1978 година и зад себе има богато тренерско искуство во словенечкиот фудбал. Негова последна станица беше Горица, а претходно ги предводеше и екипите на Копер, Радомље, Алуминиј, Мура и Изола.

Во текот на играчката кариера настапуваше исклучиво во Словенија, а беше дел и од младинските репрезентации на земјата. Освен тренерските ангажмани, Богатинов има искуство и во спортскиот менаџмент. Во 2020 година ја презеде функцијата спортски директор на Марибор, наследувајќи го Златко Заховиќ, а подоцна истата улога ја извршуваше и во Копер, пред повторно да се врати на тренерската работа со Радомље.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови