Connect with us

Олимпик Марсеј доби забрана за трансфери поради нелегална зделка

Францускиот клуб Олимпик Марсеј доби едногодишна забрана за трансфери од ФИФА поради учеството во долготрајниот трансфер спор околу сенегалскиот репрезентативец Папе Гаје од Вoтфорд.


Гаје беше во Сенегал за да игра со Гвинеја во натпревар од групата Б за Африканскиот куп на нации во петокот, но беше отстранет од тимот откако беше казнет од ФИФА.

Според „Л’Екип“, отстранувањето на Гај е последниот пресврт во сагата, која започна пред две години, кога играчот од средниот ред со француско потекло потпиша прелиминарен договор со Вотфорд пред крајот на неговиот договор со францускиот второлигаш, Ле Авр.

Набргу потоа Гаје го сменил својот агент кој го советувал да се повлече од зделката. Наместо тоа, тој потпиша четиригодишен договор со Марсеј во јули 2020 година.

Вотфорд се жалеше до ФИФА минатиот февруари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови