Олимпијакос го обезбеди шампионскиот трофеј во Грција по 48. пат, откако го совлада АЕК со 1-0 на „Караискакис“ и ја запечати титулата три кола пред крајот на сезоната. Единствениот гол на натпреварот го постигна Ајуб Ел Кааби во 55-тата минута, на асистенција од Желсон Мартинш.
Иако минатата недела загубија од ПАОК со 2-1 во Солун, „црвено-белите“ од Пиреја ја задржаа комотната предност на врвот на табелата, недостижна за своите конкуренти. Со оваа титула, клубот под водство на Хозе Луис Мендилибар се враќа на тронот по пауза од две сезони, кога шампиони беа АЕК и ПАОК.
Олимпијакос беше далеку подобар противник во дербито против АЕК, кој упати само еден удар кон голот на Константинос Цолакис. Победничкиот погодок дојде во второто полувреме, кога Мартинш одлично нафрли, а Ел Кааби прецизно реализираше со глава.
Со овој пораз, АЕК падна на третото место на табелата и сега заостанува три бода зад второпласираниот Панатинаикос, што дополнително ја компликува битката за местата што водат во европските натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













