Connect with us

Охриѓани со победничко селфи во Скопје: Го елиминираа актуелниот освојувач на Купот, Вардар

ГФК Охрид Лихнидос приреди вистинска сензација и испиша златна страница во својата клупска историја. Второлигашот успеа да го урне актуелниот освојувач на Купот и еден од симболите на македонскиот фудбал, Вардар, остварувајќи пласман во полуфиналето на Купот на Македонија по драматична пенал-серија.

Овој подвиг значи и едно, Купот годинава ќе добие нов шампион. Охриѓани не покажаа респект кон фаворитот на теренот, туку одговорија со дисциплина, карактер и храброст. По 90 минути резултатот гласеше 1-1, а неизвесноста кулминираше во рулетот од белата точка.

Херој беше голманот Дамјан Серафимов, кој со два одбранети пенали ја одведе својата екипа меѓу четирите најдобри. Неговата присебност и реакција во клучните моменти направија разлика кога беше најпотребно. Се разбира, заедно со стрелецот на голот Давид Матески, кој погоди за израмнување во 91.минута.

Во полуфиналето, ГФК Охрид ќе се соочи со победникот од пресметката меѓу Детонит и Силекс.

По последниот удар од белата точка следеше експлозија од емоции — фудбалерите на Охрид го овековечија историскиот успех со заедничко победничко селфи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови