Connect with us

Огромни емоции на „Енфилд“: Децата на Диого Жота истрчаа на теренот со капитенот Ван Дајк (ФОТО)

Натпреварот меѓу Ливерпул и Вулверхемптон од 18. коло на Премиер – лигата започна во особено емотивна атмосфера на „Енфилд“, каде што клубот и навивачите му оддадоа почит на трагично загинатиот Диого Жота.

Пред првиот свиреж, на теренот се појавија неговите синови Динис и Дуарте, кои заедно со капитенот Вирџил ван Дајк прошетаа низ тревникот. Момчињата имаа можност да шутираат кон голот и да си подаваат топка, сцена што ги трогна сите присутни. На трибините беа истакнати транспаренти со пораки посветени на португалскиот фудбалер, додека меѓу навивачите беше и неговата сопруга Рутe Кардозо, видно вознемирена од силните емоции.

Почит му беше оддадена и од страна на Вулверхемптон, чии претставници положија цвеќе пред стадионот, а целиот „Енфилд“ со аплауз уште еднаш се прости од Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои го загубија животот во сообраќајна несреќа на патување од Португалија кон Шпанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови