Шпанскиот фудбал е потресен од трагична вест. Фудбалерот на Тенерифе, Хесус де Мигел, почина на 30-годишна возраст, откако не успеа да ги надмине тешките последици од инцидентот што се случи за време на натпреварот против Андора.
Тажната вест ја потврди клубот од Канарските Острови преку официјално соопштение, објавувајќи дека Де Мигел починал во вторник, 3 ноември, во 8 часот наутро.
„Скршени од болка, со кнедла во грлото и сè уште неспособни да поверуваме дека ова е вистина, од КД Тенерифе ја соопштуваме трагичната смрт на Хесус де Мигел Аламеда“, објави клубот.
Тенерифе упати сочувство до семејството, најблиските и навивачите на фудбалерот. Семејството, пак, им се заблагодари на сите за поддршката и побара почитување на приватноста во овие тешки моменти.
Трагичниот инцидент се случи во понеделникот, на натпреварот од шпанската втора лига меѓу Тенерифе и Андора. Во финишот од средбата, Де Мигел влезе во дуел со голманот на гостите, Хесус Овоно, кој истрча од својот гол и го удри со колено.
Напаѓачот остана неподвижен на тревникот, а медицинските екипи веднаш му укажаа помош. Според информациите, тој доживеал кардиореспираторен застој, но лекарите успеале да го реанимираат и итно да го пренесат во болница.
Од Тенерифе првично информираа дека фудбалерот е сместен на одделението за интензивна нега и дека, и покрај сериозноста на состојбата, е стабилен. Сепак, во текот на ноќта клубот соопшти дека неговата невролошка состојба се влошила. Неколку часа подоцна пристигна и најтажната вест.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













