Интер одигра храбар натпревар и извлече 3-3 на гостувањето кај Барселона во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите, но ќе жалат за поништениот гол што можеше да им донесе и победа.
Во второто полувреме, Мхитарјан успеа да ја затресе мрежата, но по прегледувањето на ВАР снимката, погодокот беше поништен поради минимален офсајд. Камерите покажаа дека Ерменецот бил во офсајд буквално за неколку милиметри – толку колку што му „штрчеа“ копачките над линијата.

Токму таа сцена стана вирална на социјалните мрежи, каде се појавија бројни шеги на сметка на Мхитарјан – дека ако носел копачки со помал број, голот ќе беше признат.
Без оглед на контроверзата, мечот на „Монжуик“ понуди спектакл, а исходот го остава полуфиналето комплетно отворено пред реваншот на „Џузепе Меаца“.
BARCELONA 3-3 INTER MILAN | HENRIKH MKHITARYAN SCORES A 4TH GOAL BUT ITS OFFSIDE
— Own Goal (@owngooal) April 30, 2025
pic.twitter.com/XM2wKfi9mn
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













