Жозе Мурињо и официјално е нов тренер на Реал Мадрид, објавија од клубот пред неколку минути. Португалскиот стратег беше најавен како иден предводник на „кралскиот клуб“ од страна на Флорентино Перез за време на изборната кампања, но под услов да победи на изборите одржани викендов, што и се случи убедливо.
Поранешниот тренер на Интер, Челси и Манчестер Јунајтед се враќа на клупата на мадридскиот гигант по 13 години, откако го напушти клубот во 2013 година. Мурињо потпишал тригодишен договор кој ќе важи до летото 2029 година.
Португалецот пристигнува во Мадрид откако Реал платил отштета од 15 милиони евра на Бенфика за негов ангажман. Првичниот план бил да се платат само три милиони евра, колку што изнесувала неговата откупна клаузула една седмица по завршувањето на сезоната во Португалија. Сепак, изборниот процес го одложил трансферот, поради што клубот морал да издвои дополнителни 12 милиони евра.
За време на својот прв мандат во Реал, од 2010 до 2013 година, Мурињо освои една титула во шпанската лига, еден Куп на Шпанија и еден Суперкуп на Шпанија. Покрај тоа, тој го врати тимот меѓу европската елита, носејќи го до полуфиналето на Лига на шампиони на УЕФА во неколку последователни сезони, по период во кој клубот редовно беше елиминиран во осминафиналето.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













