Натпреварот меѓу Работнички и Брера, кој требаше да се одигра во рамките на петтото коло во ВМФЛ, нема да се одигра според првично предвидениот распоред.
Дуелот закажан за сабота е одложен поради настапот на струмичкиот клуб во младинската Лига на шампиони, а новиот термин ќе биде дополнително утврден.
Брера по четири одиграни натпревари се наоѓа на врвот на табелата со 10 освоени бодови, додека Работнички моментно е седмопласиран со шест бода. Сепак, тимот од Дебар Маало има одиграно само три средби.
За Работнички ова е второ одложување во досегашниот дел од сезоната. Претходно беше поместен и натпреварот против Тетекс, поради настапот на фудбалери на тетовскиот клуб за репрезентацијата на Македонија до 20 години на Медитеранските игри во Таранто.
Така, двата тима ќе мора да почекаат на нов датум за меѓусебната пресметка, која дополнително ќе биде внесена во календарот на ВМФЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













