Нов скандал се случи на денешниот натпревар од Првата лига меѓу Гостивар и Работнички. Во 85.минута, домашниот тим, по „наредба“ на раководството на клубот, при резултат 1-2 одлучи да го напушти теренот и да не го доигра до крај.
Вакво самоволие е втор преседан, откако тоа го направи и Воска Спорт на мечот против Вардар (1-1) во Охрид.
Во записникот од овој натпревар, главниот судија Игор Стојчевски има наведено дека по самото пристигнување на стадионот, пред натпреварот од страна на лице кое носело акредитација, судиите добиле известување дека доколку го загубат натпреварот, ќе го напуштат теренот. На крајот, тоа и се случи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













