Шкупи се наоѓа во длабока резултатска и организациска криза и сезоната што е во тек лесно може да заврши кобно за клубот. Со само едeн освоен бод по првиот дел од првенството, надежите за опстанок се сведени на теорија, а проблемите што се провлекуваат од стартот на сезоната продолжуваат и во пресрет на пролетта.
Токму кога стартува вториот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, најгласната поддршка на клубот, навивачката група „Шверцери“, преку официјално соопштение најави бојкот на натпреварите. Причината е, како што наведуваат, нерешената сопственичка ситуација и недовербата во начинот на кој моментално се води клубот.
Навивачите јасно истакнуваат дека нивното клучно барање е целосно и официјално префрлање на сопственоста од Јасин Коњали на новиот сопственик, кој засега ја извршува функцијата само како вршител на должност. Иако немаат лични забелешки кон Беким Бафтијари, кој ја презеде организацијата, тие нагласуваат дека присуството на старото раководство и враќањето на, како што велат, сомнителни лица од есенскиот дел дополнително ја продлабочуваат нивната загриженост.
„Сè додека не се разјаснат овие прашања, нема да има организирана поддршка на натпреварите на ФК Шкупи. Кога сопственоста ќе биде официјално префрлена, подготвени сме за дијалог и за целосно активирање со цел клубот повторно да се врати на вистинскиот пат“, порачуваат „Шверцерите“, потенцирајќи дека нема да го попречуваат функционирањето на клубот и апелираат на смиреност кај сите навивачи.
Во вакви околности, Шкупи го пречекува продолжението на сезоната од последното место на табелата – позиција што сериозно го доведува во прашање нивниот опстанок во елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













