Connect with us

Од рап видео со Халанд, до “потоп” на Рома на домашен терен: Кој е Ерик Ботајм?

Ерик Ботајм се запиша во листата на стрелците двапати и асистираше за три погодоци во неверојантиот триумд над Рома (6-1) во Конференциската лига. Напаѓачот е близок пријател на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. По неговиот херојски настап против Рома, на социјалните мрежи повторно почна да се врти старо видео на кое рапуваат Ботајм и Халанд.

Песната “Kygo Jo”, снимена од Ботајм, Халанд и Ерик Сандберг под името “Flow Kingz” кога имале 16 години, стана сензација на “Јутуб” по преселбата на Ерлин во Борусија Дортмунд. “Еден ден, ни беше многу досадно, немаше што да правиме, па решивме да направиме рап видео“, изјави тогаш Норвежанецот. “Мислам дека сум многу подобар во фудбалот, но и моите рап вештини не се толку лоши”.

Пријателството на Ботајм и Халанд, датира од многу одамна. Тие првпат се запознале на 12-годишна возраст, но на почетокот не биле во многу добри односи. Три години подоцна, дуото го најде својот заеднички јазик. “Завршивме во иста младинска репрезентација и моравме да играме заедно во нападот. Потоа и двајцата дознавме дека другиот не е толку лош како што мислевме. Оттогаш сме многу добри пријатели“, рече Ботеим во неодамнешно интервју.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови