Наполи го победи Сасуоло со 1-0 на „Диего Армандо Марадона“ со голот на Лоботка во седмата минута, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се соочи со здравствени проблеми во текот на мечот поради кои мораше да биде повлечен во 57.минута.
Помошник-тренерот на Наполи, Кристијан Стелини, по натпреварот за италијанските медиуми ја објасни причината поради која Елиф Елмас беше заменет.
Македонскиот репрезентативец се пожалил на главоболка и чувство на вртоглавица, поради што стручниот штаб решил да го повлече од игра веднаш на почетокот на второто полувреме.
„Елмас почувствува вртоглавица кога излезе од теренот, најверојатно поради симптоми слични на грип, а не поради повреда. Политано и Рахмани ќе бидат дополнително прегледани во наредните денови. Можно е да имаме уште двајца играчи надвор од стројот по овој натпревар, а веќе се соочуваме со недостиг на фудбалери. Распоредот е лошо испланиран – тимот што настапи и во Суперкупот сега игра девет натпревари во 28 дена, а јануари ќе го затвориме со последниот меч веќе на 31 јануари“, истакна Стелини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













