Connect with us

Очајот на Шкендија продолжи и во Рига (ВИДЕО)

Македонскиот првак Шкендија игра очајно на европска сцена оваа сезона. Тимот на Ернест Ѓока загуби од Рига со 2-0 во Летонија и го доживеа третиот последовен пораз на меѓународната сцена откако претходно се посрамоти во двомечот против Мура.

Очигледно дека Шкендија ниту од далеку не наликува на моќниот тим кој победуваше во европските купови. Има уште една шанса за поправен, по седум дена на реваншот во Скопје, но ќе има навистина тешка задача.

Весли го отвори резултатот во корист на Рига, откако со удар со глава го надмудри Захов по корнерот од левата страна. Домаќинот поведе во 13.минута.

Во 52.минута Јури Вакулко ја искористи грешката на Рамадани, и ја финишираше акцијата со погодок за одвојување на водството. Шкендија иако напаѓаше, сепак, очигледно дека ефикасноста не и е најдобра страна на почетокот од оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови