Connect with us

Очајниот Реал загуби два бода против Хетафе (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја победи Барселона во Ел Класико и го елиминира Ливерпул во Лигата на шампионите, но одигра очајно на гостувањето против Хетафе и ремизираше без голови. Домаќинот беше подобар ривал, Зидан ги остави Бензема од стартот на клупата, но и францускиот интернационалец не помогна кога влезе во играта во второто полувреме.

Тибо Куртоа беше најдобриот играч на „кралевите“ на овој меч, а Хетафе имаше неколку убави шанси и за триумф.

Реал Мадрид сега има три бода негатива во однос на лидерот Атлетико Мадрид во трката за шампионската титула во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови