Connect with us

Објавени детали од договорот: Седлоски до јуни ќе работи „про боно“

Фудбалската репрезентација на Македонија започнува ново поглавје. По четири години, Благоја Милевски доби наследник, а изборот на Фудбалската федерација на Македонија падна на Гоце Седлоски – тренерот кој сезонава го предводеше Вардар до есенска титула без пораз.

Седлоски, македонска фудбалска легенда, едногласно беше избран на седница на Управниот одбор на ФФМ и ќе го има најголемиот предизвик во досегашната тренерска кариера.

На промоцијата беше соопштено дека Седлоски ќе ја води А-репрезентацијата про-боно до крајот на јуни, додека договорот предвидува соработка на две години, со можност за продолжување на уште две. До летото, тој ќе остане и на клупата на Вардар, по негово барање и со согласност од ФФМ.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека федерацијата целосно застанува зад новиот селектор и неговиот стручен штаб.

„Договорите во фудбалот се формалност. Најважно е што стоиме целосно зад Седлоски. Тој ќе работи про-боно до јуни, бидејќи во овој период имаме само бараж-натпревари и ограничени обврски. Не сакаме да му нанесеме штета на ниту еден клуб, па затоа ќе продолжи и со Вардар. Можеби ќе има критики, но убеден сум дека Седлоски е најдоброто решение за репрезентацијата“, изјави Омерагиќ.

Првиот тест за новиот селектор ќе биде баражот за пласман на Светското првенство 2026. Македонија во март гостува кај Данска во полуфиналето, а доколку обезбеди победа во Копенхаген, во финалето ќе игра против Чешка или Ирска за место на мундијалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови