Connect with us

О’Рајли е херојот на Гвардиола: Сити дојде на два бода негатива од Арсенал (ВИДЕО)

Манчестер Сити повторно максимално го искористи киксот на лидерот Арсенал и второ коло по ред ја намали негативата, па сега заостанува само два бода зад тимот од Лондон. Во последниот меч од 27. коло во Премиер – лигата, актуелниот шампион славеше над секогаш незгодниот Њукасл со 2-1 на „Итихад“.

Пеп Гвардиола повторно му укажа доверба на младиот Нико О’Рајли, а 20-годишниот играч за врска ја оправда шансата со својата најдобра партија во дресот на „граѓаните“. Тој го отвори резултатот во 14. минута, а откако Хол донесе израмнување, О’Рајли повторно стапи на сцена и во 27. минута го совлада Ник Поуп за конечни 2-1.

Во второто полувреме Сити целосно го контролираше темпото и можеше да стигне до поубедлив триумф. Ајт-Нури и Фил Фоден не ги искористија најзрелите можности за трет погодок, додека на спротивната страна Харви Барнс се закани во судиското надополнување. Сепак, Џанлуиџи Донарума покажа сигурност и потврди зошто беше ангажиран како големо летно засилување.

Сити сега дише во вратот на Арсенал и најавува жестока битка за титулата во самата завршница од сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови