Финскиот КуПС си заминува со огромен капитал од Скопје по победата од 0-2 над Вардар во првиот меч од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Иако неговиот тим е со една нога во следната фаза, тренерот Мика Нутинен повикува на претпазливост пред реваншот.
По натпреварот, кормиларот на финскиот состав не го криеше задоволството од прикажаното на теренот.
„Исклучително сум задоволен од реализацијата и од нашата игра, бидејќи воопшто не беше лесно. Бевме тактички дисциплинирани во одбраната и успеавме да креираме добри шанси. Мислам дека многу промени и нашиот прв гол. Сепак, не смееме да заборавиме дека ова е само прво полувреме. Вардар одигра токму онака како што очекувавме, но ние се држевме до нашиот план. Максимално го респектираме противникот и пред вториот меч, бидејќи во фудбалот работите брзо можат да се променат“, изјави Нутинен.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













