Напаѓачот на Њукасл, Александар Исак, нема да патува со тимот на азиската турнеја, соопштија „чавките“. Причината за тоа е лесна повреда на бутниот мускул, поради која ќе го пропушти патувањето во Сингапур и Јужна Кореја.
Исак не беше дел од составот на Еди Хау ниту при победата над Селтик на првиот пријателски натпревар во летната подготовка.
Њукасл ќе се соочи со Арсенал, Тотенхем и комбинирана селекција од Кореја.
Шведскиот напаѓач е цел на бројни шпекулации последните неколку недели. Се сметаше дека Ливерпул е главен фаворит за неговиот потпис, но клубот од Мерсисајд веќе го ангажираше Хуго Екитике. Сепак, и понатаму останува можноста за трансфер на „Енфилд“.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













