Неизвесноста околу евентуалниот трансфер на Бруно Гимараеш од Њукасл во Арсенал продолжува, бидејќи од Англија пристигнуваат спротивставени информации за текот на преговорите.
Иако пред неколку дена беше објавено дека двата клуба начелно се договориле за трансфер вреден 77 милиони фунти, плус бонуси, новинарот Бен Џејкобс тврди дека раководството на Њукасл одбило нова официјална понуда од актуелниот англиски шампион. Притоа, не е откриено колку изнесувала понудената сума.
Од друга страна, Марк Даглас наведува дека тоа всушност била првата официјална понуда на Арсенал. И тој не ја открива точната вредност, но истакнува дека била значително пониска од сумата што ја бара Њукасл – повеќе од 80 милиони фунти. Со слични информации излезе и „Скај Спортс“, кој објави дека првата понуда на Арсенал била одбиена, без да ја открие нејзината вредност.
Во меѓувреме, Гимараеш денеска пристигна во Ла Манга, Шпанија, каде што Њукасл ги одработува летните подготовки. Бразилскиот репрезентативец ќе му се приклучи на тимот и ќе тренира со соиграчите додека ги чека преговорите меѓу двата клуба да завршат со конечен договор за негов евентуален трансфер на „Емирати“.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













