Шведската фудбалска ѕвезда Александер Исак синоќа за првпат јавно проговори за својата желба да го напушти Њукасл, а клубот веднаш реагираше со остра порака.
„Кога се прекршуваат ветувањата и се губи довербата, односот не може да продолжи. Цврсто верувам дека промената е во најдобар интерес за сите, а не само за мене. Така стојат работите во моментов, барем од моја гледна точка“, порача Исак на социјалните мрежи.
Кратко потоа, Њукасл излезе со официјално соопштение во кое го осуди потегот на Исак.
„Разочарани сме што преку социјалните мрежи дознавме за објавата на Александер Исак. Јасно ставаме до знаење дека Алекс останува под договор и дека ниту еден клупски челник никогаш не му ветил дека може да замине ова лето“, стои во соопштението.
Од клубот дополнително нагласија дека ги штитат своите интереси:
„Условите за негова продажба ова лето не се исполнети и не очекуваме тоа да се промени. Алекс е дел од нашето семејство и ќе биде добредојден кога повторно ќе им се приклучи на соиграчите.“
Њукасл претходно одби две понуди од Ливерпул за Исак, од кои последната изнесуваше 140 милиони евра. До крајот на преодниот рок остануваат уште 11 дена, па ќе видиме дали Исак ќе ја продолжи сезоната во црно-белиот или во црвениот дрес.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













