Connect with us

Њукасл го сака Арне Слот за нов тренер на тимот?

Англиските медиуми објавуваат интересни информации за можни промени на тренерската позиција во Њукасл. Според информациите, во клубот бил одржан итен состанок на кој се разговарало за иднината на актуелниот тренер Матијас Јајсле.

Раководството на Њукасл наводно веќе активно разгледува можност за промена на клупата, а како едно од потенцијалните решенија се појавило исклучително звучно име.

Англиските медиуми тврдат дека челниците на клубот веќе стапиле во контакт со Арне Слот, поранешниот менаџер на Ливерпул, со кого сакаат да разговараат за можноста да го преземе тимот.

Сепак, ангажманот на холандскиот стратег нема да биде едноставен. Убедувањето на Слот да ја прифати понудата би претставувало сериозен предизвик за раководството на Њукасл, иако во клубот сè уште постои надеж дека договорот може да биде реализиран.

Њукасл не ги исполнува очекувањата по доаѓањето на Јајсле, па челниците очигледно се подготвени да преземат конкретни чекори за промена на ситуацијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови