Њукасл официјално го објави назначувањето на Матијас Јајсле за нов менаџер на тимот.
38-годишниот германски стратег пристигнува од саудискиот Ал-Ахли, кој го предводеше од 2023 година.
Во својата прва изјава за официјалниот сајт на клубот, Јајсле го изрази своето возбудување за новиот предизвик.
„За мене е огромна чест да станам главен тренер на Њукасл. Ова е еден од најголемите клубови во европскиот фудбал, кој поседува уникатна историја, идентитет и посветена навивачка база. Се радувам што лично ќе ја почувствувам таа страст и поврзаност со клубот.“
Германскиот стратег откри дека немал двоумење кога пристигнала понудата:
„Кога Њукасл ќе те побара, тоа не останува незабележано. Амбициите на клубот, визијата за иднината и можностите што се отвораат го прават ова место неверојатно привлечно. Одблиску го следев развојот на клубот во последните години и напредокот што го постигна е очигледен за сите.“
Јајсле изрази целосна доверба во насоката во која се движи клубот.
„Неверојатно сум возбуден за иднината. Верувам целосно и безрезервно во овој проект, во амбициите и во насоката во која се движи клубот. Има јасна визија, силно раководство и исклучителна основа за понатамошен развој.“
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













