Connect with us

Новиот тренер Еркан Мурсели ќе се обиде да направи чудо и да го спаси Шкупи од испаѓање (ФОТО)

Шкупи, некогашниот првак на Македонија, денеска ги започна подготовките за продолжението од сезоната, по разочарувачката есенска полуетапа во која чаирчани завршија заковани на последното место. Тимот се наоѓа во исклучително тешка позиција и речиси сигурно го очекува испаѓање од елитата, но во клубот порачуваат дека ќе се борат до последното коло.

Во новиот обид за стабилизација, Шкупи влегува со нов тренер. По заминувањето на Османи, клупата ја презеде Еркан Мурсели, стратег со искуство од домашните терени, кој претходно ја водеше и екипата на Шкендија Арачиново.


Под негово водство, чаирчани ќе се обидат барем да го поправат впечатокот во пролетниот дел и да ја завршат сезоната на достоинствен начин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови