Connect with us

Новина за ВАР-системот: Сите клубови кои ќе побараат, ќе имаат пристап до снимките и анализите

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, најави дека од пролетниот дел од сезоната во Првата лига сите клубови кои ќе побараат, ќе имаат пристап до снимките од ВАР-собата и до анализите. Клубовите кои сметаат дека биле оштетени ќе можат да добијат детална проверка на спорните ситуации.

„Клубовите кои сметаат дека биле оштетени од ВАР, ќе можат да поднесат жалба до ФФМ. Потоа заедно ќе ја прегледаме снимката и ќе ги слушнеме разговорите од собата. Овој предлог ќе се достави до Управниот одбор на ФФМ, а од пролетниот дел ќе се донесе конечна одлука за тоа како видеата од ВАР-собата ќе станат достапни за сите клубови“, изјави Омерагиќ.

ВАР-системот е воведен во македонскиот фудбал од оваа сезона, веднаш по доаѓањето на Масар Омерагиќ на функцијата претседател на ФФМ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови