Connect with us

Нови проблеми за Тите: Бразил остана без Габриел Жесус и без Алекс Телјес

Бразил доживеа пораз од Камерун (1-0), но селекторот Тите е многу позагрижен затоа што се зголеми бројот на повредени фудбалери во селекцијата. Напаѓачот Габриел Жесус и левиот бек Алекс Телјес се повредени и според информациите тие нема да можат да играат до крајот на Светското првенство.

Во меѓувреме, трае трката со времето на Данило и на Нејмар за да се вратат во тимот. Според докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар, многу побрзо се опоравува Данило и тој би можел да биде во тимот и за осминафиналниот меч со Јужна Кореја. Состојбата со Нејмар е малку покомпликувана.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови