Репрезентацијата на САД веќе го заврши настапот на Светското првенство, но сè уште не стивнуваат реакциите околу контроверзната одлука на ФИФА привремено да ја укине суспензијата на напаѓачот Фоларин Балогун.
Според информациите на „Тајмс“, претседателот на Дисциплинската комисија на ФИФА, Мохамад Ал Камали од Обединетите Арапски Емирати, самостојно ја донел одлуката, без да побара мислење од останатите 17 членови на комисијата.
Ова откритие предизвика дополнителни реакции во фудбалската јавност и отвори нови прашања околу начинот на кој била донесена одлуката.
Ал Камали е адвокат од Обединетите Арапски Емирати, кој околу две децении извршува различни функции во спортски организации и федерации. Меѓу другото, бил еден од основачите на професионалната фудбалска лига на ОАЕ, член на Етичкиот комитет на ФИФА, потпретседател на Коњичката федерација на ОАЕ и генерален секретар на Националниот олимписки комитет на земјата.
Балогун, кој беше еден од најдобрите фудбалери на американската репрезентација на Мундијалот, доби црвен картон по прекршокот над Тарик Мухаремовиќ во победата на САД против Босна и Херцеговина во шеснаесетфиналето.
Исклучувањето автоматски значеше суспензија за следниот натпревар, но токму Ал Камали најпрво му изрекол забрана за настап на еден меч, а потоа ја одложил казната со условен период од една година.
На тој начин, Балогун доби дозвола да настапи во осминафиналето против Белгија. Сепак, неговото присуство не им помогна многу на Американците, кои беа убедливо поразени со 4-1 и го завршија настапот на Светското првенство.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













