На фудбалска Македонија сега не ѝ се потребни поделби, туку единство околу изборот на новиот селектор, порачува Николче Новески, кој се огласи по неодамнешните изјави на поранешниот селектор Игор Ангеловски.
„Мислам дека е времe за нови лица и создавање на нови стручни кадри во фудбалот.
Секој треба да добие шанса, а времето ке покаже дали е оправдана довербата. Македонскиот фудбал и репрезентацијата не смеат да бидат заложници на поединец, особено не на човек кај кого личната суета и карактерот излегуваат во преден план.
Во ваков момент ни треба целосна поддршка за репрезентацијата, ангажираност и сплотеност од сите што ѝ мислат добро, а не обиди за самопромоција и поделби.
Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија”, истакна Николче Новески.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар е на чекор до титулата, потребен му е само уште едне бод за...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Никола Величковски (Брера)
Брера грчевито се бори да го избеге баражот за обезбедување прволигашки статус, а младиот...
Автор makfudbal













