Connect with us

Нова сезона, стари проблеми за Барса: Френки де Јонг повторно е повреден

Фудбалерите на Барселона вчера се вратија во клупската база на задолжителните медицински прегледи пред почетокот на претсезонските подготовки. Меѓу нив беа и повредените Роналд Араухо и Френки де Јонг, кои добија дозвола за подолг одмор по настапот на Светското првенство, но одлучија порано да му се приклучат на тимот.

Сепак, радоста поради нивното враќање брзо беше засенета од непријатни вести од лекарскиот тим.

Според информациите на „Марка“, состојбата на холандскиот играч за врска Френки де Јонг предизвикува сериозна загриженост. Првичните прегледи покажале повреда на коленото, која би можела да го оддалечи од терените подолг период.

Во таборот на каталонскиот клуб владее огромна загриженост, пишува шпанскиот медиум. Иако во следните денови Де Јонг треба да направи дополнителни детални прегледи, во Барселона веќе стравуваат од најлошото, а првичните прогнози се дека неговото закрепнување би можело да трае до четири месеци.

Раководството на клубот и самиот фудбалер ја очекуваат конечната дијагноза, по што ќе биде донесена одлука за начинот на лекување и ќе биде утврден точниот период на отсуство..

Де Јонг пропушти голем дел од изминатата сезона поради упорна повреда на зглобот, а сега се соочува со уште еден сериозен проблем од медицинска природа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови