ФИФА повторно се најде во центарот на вниманието поради дисциплинска одлука што предизвикува жестоки реакции. Овојпат на удар е Англија, откако Џарел Кванса доби суспензија од два натпревари по црвениот картон заработен во осминафиналниот дуел против Мексико.
Младиот стопер на Баер Леверкузен нема да биде во комбинација за четвртфиналето против Норвешка, а доколку Англичаните обезбедат место меѓу четирите најдобри, ќе го пропушти и евентуалното полуфинале против Аргентина или Швајцарија.
Одлуката на ФИФА предизвика лавина реакции во англиската јавност, особено по неодамнешниот случај со Фоларин Балогун. Напаѓачот на САД доби укината суспензија по директниот црвен картон, што уште тогаш отвори бројни дебати за конзистентноста на дисциплинските одлуки.
Токму затоа, многумина во Англија сметаат дека Кванса е жртва на двојни стандарди и бараат ист третман каков што доби американскиот репрезентативец.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













