Весли Фофана дефинитивно ја заврши сезоната откако Челси потврди дека 24-годишниот дефанзивец успешно бил опериран. Операцијата е извршена во Лондон, а од клубот велат дека тоа било неопходен чекор за да се реши хроничниот проблем на бутниот мускул со кој Французинот се соочуваше подолго време.
Фофана се врати на теренот во март по пауза од три месеци поради истата повреда, но проблемите продолжија и покрај напорите за конзервативно лекување. Сега му претстои рехабилитација со специјално прилагодена програма што ќе започне следната недела во тренинг-центарот во Кобам.
Ова е уште еден тежок удар за Челси, бидејќи Фофана оваа сезона одигра само 14 натпревари, постојано ограничуван од повреди. Последниот натпревар за клубот му беше во поразот од Арсенал (0-1) пред паузата за репрезентативни настапи во март.
Повредите продолжуваат да бидат голем проблем за „сините“ оваа сезона, особено во дефанзивната линија, каде веќе неколку играчи имаат долготрајни отсутства.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спалети: Јувентус лесно ја губи самодовербата
Млади репрезентации
Капинковски го објави списокот за Македонија У19
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Ливерпул се разбуди, а Челси загуби (ВИДЕО)













