Еден од најголемите млади таленти на Челси и на бразилската репрезентација, Естевао Вилијан, ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, потврдуваат медиумите од Островот.
Младиот офанзивец се повреди уште во 16. минута од натпреварот против Манчестер Јунајтед во 32. коло од Премиер – лигата, при што заработи сериозно истегнување и беше принудно заменет.
Ова значи дека Естевеао нема да му биде на располагање на Лијам Росениор во финишот од сезоната, во кој Челси се бори за место во Лигата на шампионите. Дополнително, постои и загриженост дека повредата би можела да го доведе во прашање и неговиот настап на Светското првенство.
Во моментов сè уште нема конечна проценка за неговото враќање, а медицинскиот тим внимателно ќе ја следи ситуацијата. Доколку не биде подготвен навреме, селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, ќе мора да донесе важна одлука околу неговиот состав за најголемото натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal













