Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска во Торшавн, со почеток во 15 часот, ќе го одигра натпреварот против Фарските Острови, во рамките на шестото коло во квалификациската група за пласман на Европското првенство. Нашиот млад национален тим е фаворит во пресметката со домаќинот, но тоа ќе треба да го потврди и на теренот.
Селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на повредениот Марио Младеновски, неизвесен е настапот на Агрон Руфати, а капитенот Давор Здравковски ќе го пропушти мечот поради жолти картони.
„Се соочуваме со одредени проблеми поради повреди на некои фудбалери, но тоа е нешто што мораме да го прифатиме. Овој дуел ќе биде сосема поразличен во однос на натпреварот со Шпанија, но и нова можност за играчите да го потврдат својот квалитет и потенцијал. Покажавме дека можеме да се спротивставиме на најдобрите и тоа ни дава за право се уште да веруваме во добар пласман во групата. Сега ситуацијата е поинаква, противникот иста така, но останува обврската да одиграме најдобро што можеме и секако да се однесуваме дисциплинирано и професионално во играта и нашиот однос. Верувам во фудбалерите и се надевам на многу позитивни работи на овој натпревар“, вели селекторот Благоја Милевски.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













