Connect with us

Нов скандал на АКН: Нигеријците нема да играат ако не ги добијат ветените премии

Нигериската фудбалска репрезентација одлучи да го одложи патувањето на четвртфиналниот натпревар од Африканскиот куп на нации поради нерешени финансиски обврски од страна на федерацијата.

„Супер орлите“ прикажуваат одлични настапи на континенталното првенство – со максимален учинок во групната фаза и убедлива победа над Мозамбик (4-0) во осминафиналето. Сепак, и покрај резултатите на теренот, проблемите надвор од него излегоа на површина.

Според најавите, тимот нема да отпатува во Маракеш, каде што треба да се соочи со Алжир, сè додека не бидат подмирени неисплатените премии.

Како што пренесуваат нигериските медиуми, фудбалерите и членовите на стручниот штаб сè уште не ги добиле ветените бонуси за победите во четири натпревари. Иако тимот останува целосно фокусиран на натпреварувањето, најавено е дека нема да тренира ниту да патува во четврток доколку проблемот не биде решен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови