Connect with us

Нов скандал: Лекарот на репрезентацијата на Сенегал бил гинеколог!

Лекарот на фудбалската репрезентација на Сенегал немал соодветно специјализирано искуство за да биде дел од националниот тим за време на Светското првенство во Северна Америка. Скандалот го откри претседателот на Фудбалската федерација на Сенегал.

Лекарот на репрезентацијата бил „обучен за гинеколог“, а проблемот бил откриен доцна, што предизвикало загриженост кај фудбалерите околу нивото на медицинската поддршка што им била достапна, изјави претседателот на федерацијата, Абдулај Фал, на прес-конференција.

„Врз основа на повратните информации што ги добив, фудбалерите не биле доволно уверени во медицинската поддршка што ја добивале од него“, изјави Фал.

Тој додаде дека федерацијата побарала дополнителна медицинска експертиза за да ги смири репрезентативците.

„Моравме да најдеме соодветна стручна помош за фудбалерите да се чувствуваат сигурно, бидејќи здравјето е пред сè“, истакна Фал.

Сенегалската асоцијација за спортска медицина, сепак, ги отфрли обвинувањата како „неосновани и клеветнички“ во соопштението објавено во понеделникот вечерта.

Во него се наведува дека лекарот на репрезентацијата, Абдерахман Федиор, поседува специјализирана диплома по спортска медицина и спортска биологија од Медицинскиот факултет при Универзитетот „Шеик Анта Диоп“.

Претходно, тој раководел со одделот за физиотерапија во болницата „Фан“, а како лекар на сенегалската репрезентација работи од 2017 година. Во тој период бил дел од националниот тим на три светски првенства и пет изданија на Африканскиот куп на нации.

Сенегал во саботата го отпушти селекторот Папе Буна Тиау, наведувајќи дека резултатите на Светското првенство наложуваат промена.

Сенегал ги загуби првите два натпревари во групата од Франција и Норвешка, а во осминафиналето против Белгија испушти предност од 2-0 на пет минути пред крајот, по што загуби со 2-3 по продолженијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови