Џани Инфантино повторно се најде во центарот на голема контроверзија. Според пишувањата на повеќе светски спортски медиуми, Мексико го поддржало Швајцарецот во трката за претседател на ФИФА, а зад таа поддршка наводно стои ветување за голема промена во иднината на мексиканскиот фудбал.
Според информациите, Инфантино наводно му ветил на Мексико можност да ја напушти КОНКАКАФ и да се приклучи кон КОНМЕБОЛ, јужноамериканската фудбалска конфедерација која отворено го поддржува претседателот на ФИФА.
Таков потег би бил огромна промена за мексиканскиот фудбал, како од спортски, така и од финансиски аспект.
Една од главните причини за незадоволството на Мексико се лошите односи меѓу челниците на тамошната фудбалска федерација и раководството на КОНКАКАФ. Тензиите дополнително се зголемија откако мексиканската репрезентација и клубовите од земјата настапуваа во јужноамерикански натпреварувања.
Ситуацијата дополнително ескалирала кога КОНКАКАФ на различни начини го ограничила учеството на мексиканските селекции и клубови во натпреварувањата како Копа Америка, Копа Либертадорес и Копа Судамерикана.
Мексико во евентуалното приклучување кон КОНМЕБОЛ гледа и спортска можност. Доколку се реализира планот за проширување на Светското првенство на 64 репрезентации, Јужна Америка би добила дополнителни места, што би можело да им ги олесни квалификациите на мексиканците.
Дополнителен мотив е и Светското клупско првенство. Мексико наводно се надева дека би можело да биде домаќин на турнирот во 2029 година. Иако во моментов Мароко се смета за фаворит за организацијата, Мексиканците веруваат дека нивната поддршка за Инфантино би можела да има влијание врз конечната одлука.
Доколку овие информации се покажат како точни, евентуалното преминување на Мексико од КОНКАКАФ во КОНМЕБОЛ би претставувало еден од најголемите потреси во историјата на меѓународниот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













