Connect with us

Нов скандал: Башкими одиграл 7+, а кумановци од обложувалници „инкасирале“ 40.000 евра (ФОТО+ВИДЕО)

Нов скандал го окупира македонскиот клупски фудбал, а во него повторно се наоѓа македонскиот прволигаш Башкими. Според документи до кои дојде порталот „Gol.mk“, од австриски обложувалници стигнала сигнализација за нетипично зголемување на уплата на исходот на натпревар од минатата сезона на Втората македонска фудбалска лига. Станува збор за мечот меѓу Башкими и Вардар Неготино, одигран на 24 март 2025 година, кој заврши со победа на домашната екипа со 5-2. Или во обложувачки жаргон – „7+“.

Според информацијата на ланецот на обложувалници во Австрија, извршени се 14 уплати од четири сметки во Австрија за различни игри на споменатиот натпревар. Типувано е на победа на домашната екипа и во првиот и во вториот дел, двата тима да постигнат гол и гостинската екипа да постигне најмалку еден гол.


Така, со сите уплатени тикети за само 40 минути била обезбедена добивка од 40.000 евра.


Според изворот, оваа информација веќе пристигнала до македонската полиција, која ги известила Обвинителството во Куманово и соодветните инстанци. По прегледување на IP адресите на лицата кои ја извршиле уплатата, наводно сомнежот е насочен кон лица блиски до сопствениците на Башкими. Се очекува отпочнување на истрага и разјаснување на случајот.

И европската куќа на фудбалот (УЕФА) сигнализирала преку одделот за интегритет и испратила допис. Сега се очекува што ќе преземе Фудбалската федерација на Македонија во врска со овој случај.

Има документи поврзани со зголемени уплати и на други натпревари на кои наводно исто така е вклучен Башкими.

Со доаѓањето на новото раководство на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), уште минатата сезона започна најострата борба против девијациите во фудбалот, најмногу против местењето на фудбалски натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови