Голманот на Ајакс, Андре Онана, доби едногодишна суспензија од УЕФА откако паднал на допинг – тест. Тој бил позитивен на супстанцата „Furosemide“ која е ставена на листата на забранети супстанци. Онана на рутински допинг – тест направен на 30 октомври во тестот од урината покажал знаци на оваа супстанца.
Онана се оправдал дека невнимателно земал таблета „Lasimac“ кои биле наменети за неговата сопруга која не се чувствувала добро. Сепак, суспензијата од УЕФА е на сила веднаш и во должина од 12 месеци, а Ајакс и Онана имаат право на жалба на Судот за арбитража во Лозана.
Само два дена претходно Ајакс направи голем „кикс“ откако не успеа да го лиценцира најскапото засилување Себастијан Халер за настап во Лигата на Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













