Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, е неизвесен за настап во големото мадридско дерби против Атлетико, кое ќе го одлучи вториот финалист во Суперкупот на Шпанија, пренесуваат шпанските медиуми „Марка“ и „Ас“.
Германскиот репрезентативец се соочува со проблеми со коленото, а стручниот штаб внимателно ја следи неговата состојба. Рудигер најпрво беше подложен на лекарски прегледи, по што одработи индивидуален тренинг со цел да ги зголеми шансите да биде подготвен за полуфиналниот дуел.
Неговото евентуално отсуство би претставувало сериозен хендикеп за тренерот Чаби Алонсо, кој ионака се соочува со кадровски проблеми во одбраната. Во такво сценарио, Реал би останал со само двајца целосно подготвени стопери, ситуација што станува сè почеста во редовите на „кралскиот клуб“.
Доколку Рудигер не успее да се опорави навреме, се очекува Дин Хаусен и Раул Асенсио да стартуваат во срцето на одбраната. Хаусен, кој пристигна минатото лето од Борнмут, се враќа во конкуренција откако го пропушти дуелот со Бетис поради мускулна повреда.
Од Реал Мадрид ќе чекаат до последен момент пред да донесат конечна одлука, надевајќи се дека искусниот Германец ќе биде подготвен за настап. Во меѓувреме, неизвесноста околу еден од клучните играчи во одбраната расте, во пресрет на дуелот со Атлетико, натпревар кој може да има големо значење и за иднината на тренерот на клупата на „кралевите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













