Рајо Ваљекано продолжува со лошите игри и резултати во Ла Лига. Тимот го доживеа петтиот последовен пораз во шампионатот, откако загуби на гостувањето кај Вилјареал со 3-1. Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски беше на голот на Рајо, а неговата мрежа се тресеше трипати.
Марио Суарез во 20.минута го доведе Рајо Ваљекано во водство, а Вилјареал направи комплетен пресврт во вториот дел. Екамби двапати стрелаше за „жолтата подморница“, а мрежата на Димитриевски ја погоди и Жерерд Морено.
Рајо Ваљекано по 28 одиграни кола се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Ла Лига со 23 освоени бода.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski