Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон заработи сериозна повреда на препоните која најверојатно ќе го оддалечи од терените во наредните три месеци. Тоа значи дека сезоната во Премиер – лигата за него е завршена, а тој најверојатно ќе го пропушти и Европсото првенство.
Ова е нов голем удар за Јирген Клоп. Менаџерот на Ливерпул оваа сезона се соочува со огромен број повредени фудбалери, а посебно е загрижувачка состојбата во одбраната. По Вирџил ван Дајк и Жоел Матип, токму Хендерсон беше прекомандуван да помага во дефанзивата. Сега и тој се повреди, па Клоп ќе мора да се потпре на новите засилувања кои тимот ги ангажираше во последните денови од зимскиот преоден рок.
Ливерпул заостанува многу зад Манчестер Сити во трката за одбрана на шампионската титула, а Јирген Клоп јавно истакна дека тоа за „црвените“ е веќе невозможна мисија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













