Connect with us

Нов голем удар за Барселона: Френки де Јонг ќе паузира еден месец поради повреда

Кога се чинеше дека тимот конечно здивна со враќањето на Педри, нов малер ја погоди соблекувалната на Барселона. Надвор од строј е Френки де Јонг, кој на денешниот тренинг заработил повреда на задната ложа.

Првичните информации не се охрабрувачки – не станува збор за полесен проблем, а паузата би можела да трае околу еден месец. Тоа значи дека холандскиот репрезентативец ќе пропушти серија клучни натпревари во најгустата фаза од сезоната.

Отсуството на Де Јонг претставува сериозен хендикеп за стратегот на каталонците. Барселона најверојатно ќе биде без него во осминафиналето од Лига на шампиони против Њукасл или Пари Сен Жермен.

Покрај европските обврски, Холанѓанецот ќе го пропушти и реваншот од полуфиналето во Куп на кралот против Атлетико Мадрид, како и важните првенствени дуели со Вилјареал, Атлетик Билбао и Севилја.

Во негово отсуство, се очекува поголема минутажа да добие младиот Марк Бернал, кој во последно време покажува сериозен напредок. Сепак, не е исклучена ниту тактичка корекција од Флик, можно е Ерик Гарсија повторно да биде прекомандуван на позицијата заден играч за врска, каде веќе има настапувано.

Добра вест за Барселона е враќањето на Пабло Гави по долга пауза, но неговото целосно враќање во натпреварувачки ритам се очекува дури во втората половина на март.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови