Connect with us

Нов голем скандал: Тиквеш со фантомски фудбалери играле во Младинската лига и побегнале на полувреме

Фудбалскиот клуб Тиквеш повторно се најде во центарот на сериозни контроверзии, откако нов скандал ја потресе јавноста. Натпреварот од Младинската лига меѓу Скопје и Тиквеш не го доживеа својот крај, бидејќи беше прекинат веднаш по првото полувреме, во кое гостите од Кавадарци имаа сигурна предност од 0-2.

Сомнежите се појавиле за време на паузата, кога домашниот состав побарал вонредна проверка на идентитетот на противничките фудбалери. Она што следувало било вистински шок — контролата открила сериозни неправилности во редовите на Тиквеш.

Според информациите, дури четворица играчи настапиле под лажен идентитет, користејќи туѓи или невалидни документи, додека уште двајца воопшто немале соодветна спортска легитимација. Скандалот отвора сериозни прашања за регуларноста на натпреварувањето и одговорноста на клубот.

„Забелешка и потпис на главен судија: На натпреварот од 23 коло во супер младинска лига помеѓу екипите на ФК СКОПЈЕ и ФК ТИКВЕШ, по барање на домашната екипа на полувремето да се изврши идентификација на играчите од гостинската екипа, од моја страна беше истата идентификација извршена во присуство на претставникот на гостинската екипа Димитриев Трајче кој ја водеше екипата, претставник на домашната екипа Стојановски Драган и судиската екипа. Констатирано е следното: На местото од голманот во записник под број 1 ПЕТРЕСКИ ИЛИЈА со комет број 142611. На местото од голманот во записник под број 14 СТОЈАНОВ РИСТЕ со комет број 141748. На местото од голманот во записник под број 15 САМАРЏИЕВ МАРИО со комет број 139346. На местото од голманот во записник под број 82 ШОПОВ СТЕФАН со комет број 101457. Играа сосема други играчи кои не ги знаеа податоците од спортските легитимации и самите признаа и си ги кажаа вистинските имиња. Играа и двајца играчи без спортски легитимации: Трајков Христијан и Гуцинов Марко од гостинската екипа која не ги достави спортските легитимации пред натпреварот. По ова гостинската екипа се повлече во соблекувалната и не сакаше да го продолжи натпреварот кој на полувреме беше со резултат 0-2 за гостинската екипа. Во прилог записник од натпреварот и одземените спортски легитимации за кои беше утврдено неправилен настап на играчи. На натпреварот беше присутен доктор, Јордан Манасиевски“, стои во записникот на главниот судија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови