Елмин Растодер продолжува да блеска и потврдува дека се наоѓа во одлична голгетерска серија. Македонскиот репрезентативец повторно го имаше својот момент во швајцарската елита, откако попладнево беше меѓу клучните играчи во победата на Тун од 1-3 на гостувањето кај Сервет, во 23. коло.
Растодер го отвори резултатот во 40. минута, носејќи му водство на својот тим од 0-1. На теренот остана до 81. минута, кога веќе беше јасно дека Тун сигурно чекори кон нови три бода.
Ова беше негов осми погодок во тековната сезона, со што македонскиот напаѓач се искачи на седмата позиција на листата на најдобри стрелци во швајцарскиот шампионат.
Со новиот триумф, Тун направи уште еден голем чекор кон шампионската титула и сега има 51 освоен бод, дури единаесет повеќе од второпласираниот Лугано, каде настапува Езгјан Алиоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













